Македонија

Бадникови поворки 2026: Светлина, радост и заедништво во Македонија и дијаспората

Следната недела во вторник, 6-ти јануари, на градскиот плоштад „Македонија” ќе се пее традиционалната Божиќна песна! Најмладите со божиќни ѕвезди во рацете ќе ги запеат милозвучните стихови во чест на големиот празник Христовото раѓање – Божиќ.

Од здружението „Бадникови поворки“ најавија голема празнична авантура.

– Со многу љубов ве покануваме сите – дечиња, родители, баби и дедовци – да ни се придружите на 6-ти јануари во 12:00 часот од пред Музејот на Град Скопје да ја оформиме наголемата Бадникова поворка која ќе се движи по улица „Македонија“, потоа ќе пристигне пред големата сцена поставена на плоштадот „Македонија“, кај Божикната пештера.

Веднаш по пристигнувањето на поворката ќе започне Божикната авантура – голема музичко-сценска изведба во живо, во која ќе учествуваат повеќе од 40 музичари, пејачи, актери и Златно славејче. Ајде да ја чуваме традицијата, да пееме, да се радуваме и да ја споделиме оваа празнична радост еден со друг, с енаведува во поканата од здужението.

Како што велат од здружението, бадниковите поворки и оваа година продолжуваат да го надминуваат сопствениот рекорд, со досега пријавено учество на повеќе од 80 општини, градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Италија, Словенија, Австрија и Соединетите Американски Држави.

Тагови

Поврзани вести