Во моментов, во земјава активни се 13 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од утрово противпожарно се дејствува по земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се во моментот на располагање, и домашни и од другите земји кои испратија. Активните пожари има во Општина Неготино, село Калањево, каде што гори нискостеблеста шума и грмушки, во Општина Гевгелија помеѓу селата Негорци и Кованец гори мешана шума, во Општина Радовиш кај село Штурово гори нискостеблесна шума. Пожар има и во Општина Чашка на врвот Лисец, Општина Росоман кај селата Сирково и Подлест, во Студеничани, Зелениково, во Штип помеѓу селата Драгоево и Селце, во Општина Чашка е префрлен пожар од село Слепче. Дабова и борова шума гори во Општина Ново Село над село Бадилен, нискостеблеста шума гори во Општина Конче, а во Делчево запалена е депонијата.