Македонија
Автомобилските гуми спаѓаат во категоријата опасен отпад
Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје регистрираше непрописно одлагање отпад од автомобилски гуми од страна на непознати сторители на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош.

Автомобилските гуми спаѓаат во категоријата опасен отпад и нивното одлагање на јавни површини претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота. ЈП Комунална хигиена-Скопје нема надлежност за собирање и транспорт на овој тип на отпад(нема надлежност???).
Апел до жителите на градот Скопје внимателно да ракуваат со опасниот отпад и да го одлагаат исклучиво кај колективните постапувачи, со што значително ќе придонесат за заштита на животната околина и јавното здравје