Свет

Австрија ги враќа контролите на границата со Чешка

Австрија денеска ќе воведе стационарни контроли на границата со Чешка,а како оправдание за воведување на оваа мерка на затварање е спречување приливот на илегални мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Потегот е преземен откако Германија пред два дена најави гранични контроли со Чешка, Полска и Швајцарија со истото образложение и оправдување за да се справи со приливот на илегалните мигранти.

Новите контроли на чешката граница ќе бидат во сила најмалку 10 дена.

Може да заклучиме дека нешто се случуве внатре во ЕУ и дека тенденцијата може да се прошири и на други земји членки.

Тагови

Поврзани вести