Економија
Цените на нафтата во пад, но сѐ уште се над нивото од пред кризата

Цените на нафтата бележат значителен пад на светските пазари, при што референтната сурова нафта Брент се спушти на околу 94,8 долари за барел, што е намалување од околу 13 проценти. Американската сурова нафта забележа уште поголем пад, над 15 проценти, достигнувајќи околу 95,7 долари за барел.
И покрај овој пад, цените и натаму остануваат повисоки во однос на периодот пред ескалацијата на конфликтот на крајот на февруари, кога се движеа околу 70 долари за барел.
Според анализите на консултантската компанија Rystad Energy, пазарите внимателно ја следат состојбата околу транспортот на нафта, особено во делот на Ормускиот теснец. Експертите посочуваат дека дел од неодамнешниот раст на цените, предизвикан од геополитички ризици, веќе се коригира по последните случувања.
Сепак, намалувањето на цените на светските пазари нема веднаш да се одрази и врз цените на горивата за потрошувачите. Темпото на тоа намалување ќе зависи од начинот на формирање на цените во одделни земји, како и од динамиката на снабдувањето и транспортот.



