Македонија
Делови од Скопје денес без струја поради зафати во мрежата

Поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска делови од Скопје и околината ќе останат без електрична енергија.
Прекини се предвидени во селото Морани и викенд-населбата Морани, каде што струја нема да има од 08:00 до 15:30 часот. Без напојување ќе бидат и делови од Момин Поток – улиците „1506“ и „1550“, како и неколку компании во тој реон, во период од 08:30 до 15:00 часот.
Во Општина Карпош, дел од улицата „Иван Аговски“ ќе остане без струја од 09:00 до 13:00 часот.
Од надлежните посочуваат дека станува збор за планирани активности поврзани со унапредување и модернизација на електродистрибутивната мрежа.



