Клима
Облачно со локални врнежи од дожд

Денеска во претпладневните часови особено во северните предели ќе имаме повеќе облачност и локални врнежи од дожд а на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе провејува снег. Исто така особено во Повардарието и во источните предели ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).
Вечерта ни носи поголемо заладување и продор на ладен воздух од север па утрото во четврток 9 април 2026 ни носи намалување на облачноста и значително поладно време па така тоа утрово минималните температури во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени па така особено на повисоките населени места и на планините очекувам појава и на слаб мраз и на слана. Во Скопје и околината утрово минималната температура ќе се спушти до околу 3 степени.



