Клима
Неделна временска прогноза за Македонија од 23 до 29 ноември
Заладување, дожд и снег на планините ќе ја одбележат последната недела од ноември. По врнежливиот понеделник, во вторник и среда се очекува постудено време со повеќе сончеви периоди, а од четврток повторно ќе следуваат врнежи во поголемиот дел од земјата.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките места дожд и снег. На планините се очекува снег. Ќе дува засилен ветер, а на одредени места налетите може да надминат 70 километри на час.
Во вторник ќе преовладува сончево, но постудено време, со утрински температури од -4 до 3 степени и дневни од 6 до 14 степени.
Среда ќе донесе студено утро, со температури до -6 степени, и сончеви периоди. Кон крајот на денот на запад повторно ќе има услови за дожд, а на планините за снег.
Од четврток до крајот на неделата се очекува претежно облачно и нестабилно време со повремени врнежи. Пообилни врнежи се можни во западните делови, додека во планинските подрачја ќе има услови за снег.
За викендот се прогнозира продолжување на променливото време, со пониски температури, особено во недела.
Извори: УХМР



