Клима

Студен пречек на Новата година: ноќни температури до -15 и силни ветрови

Задолжително понесете капа, шал и нараквици за да се заштитете од многу ладното време кое го очекувам за Нова година, вели познатиот метеопрогнозер.

Температурите на новогодишното утро ќе бидат во интервалот од -13 до -4 степени, односно -15 степени во повисоките места, прогнозира Славчо Попоски во нова објава.

Метеопрогнозерот предидува и засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

„Задолжително понесете капа, шал и нараквици за да се заштитете од многу ладното време кое го очекувам за Нова година“, вели Попоски.

Тагови

Поврзани вести