Македонија

Стоп за Усје: Цементарница бара да работи по стандарди од 2007 година, дојди на марш на 23 јуни

Граѓански организации обвинија дека цементарницата Усје бара продолжување на работата според гранични вредности за загадување утврдени во 2007 година, наместо усогласување со европските стандарди и најдобрите достапни техники за намалување на емисиите.

Според иницијативата, во барањето на компанијата не се предвидени конкретни мерки за намалување на емисиите на загадувачки материи, а предлозите доставени од граѓанските организации не биле земени предвид. Оттаму оценуваат дека со ваквиот пристап „Усје“ практично бара да продолжи да работи со гранични вредности за загадување кои датираат од 2007 година.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ соопшти дека цементарницата „Усје“ бара продолжување на работењето според застарени стандарди за загадување, наместо, како што велат, усогласување со современите европски норми и најдобрите достапни техники за заштита на животната средина поради што иницијативата ги повика граѓаните на протестен марш што ќе се одржи на 23 јуни.

Тагови

Поврзани вести