Клима

Сончево и топло со температура до 32 степена

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од 4 до 11 Целзиусови степени, а во текот на денот од 21 до 32 степени.

Според синоптичарите, во Скопје времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Наутро температурата ќе биде 11 степени, а дневната ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.

За утре, во прогнозата на УХМР се вели дека претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје, утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне се очекува облачноста да се зголеми, а кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата утре ќе биде од 6 до 11 степени наутро, а во текот на денот од 15 до 28 Целзиусови степени.

Тагови

Поврзани вести