Свет
Си Џинпинг со апел за стабилност на поморските рути

Кина повика на итно намалување на тензиите околу Ормускиот Теснец, предупредувајќи дека продолжената блокада може да има сериозни последици врз глобалната економија и енергетската стабилност.
Си Џинпинг упати апел за повторно отворање на оваа клучна поморска рута, нагласувајќи дека непречениот транспорт е од суштинско значење за светската трговија и снабдувањето со енергенси.
„Слободната пловидба низ Ормускиот Теснец е клучна за стабилноста на глобалните пазари. Потребна е воздржаност и почитување на меѓународното право, а дијалогот останува единствено решение“, порача кинескиот претседател.
Од Пекинг оценуваат дека ескалацијата во регионот може да доведе до раст на цените на енергенсите и дополнителни нарушувања во синџирите на снабдување.
Иако Кина формално не зазема страна, нејзиниот став се толкува како јасен повик за дипломатско решение и избегнување на понатамошно заострување на ситуацијата.


