Свет

„Се гледа крајот“: Рубио со порака за конфликтот со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека се одвиваат контакти меѓу САД и Иран, при што, според него, постојат индикации за можен напредок кон деескалација на конфликтот.

Во интервју за Fox News, Рубио наведе дека комуникацијата се одвива преку размена на пораки и дека не е исклучена можноста за директна средба меѓу двете страни.

Тој посочи дека САД се отворени за разговори, но нагласи дека нема да прифатат преговори кои би служеле само за одолговлекување на процесот.

Во однос на ситуацијата на терен, Рубио изјави дека американските сили напредуваат кон поставените цели, оценувајќи дека операциите се спроведуваат ефикасно.

Во истото интервју, тој се осврна и на НАТО, наведувајќи дека Вашингтон ја разгледува улогата на алијансата и нејзината актуелна функција.

Тагови

Поврзани вести