Клима
Променливо облачно и нестабилно

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 12°C, а максимумот од 22 до 29°C.
Информација од утрово:
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 13.5, Преспанско Езеро 11.5, Дојранско Езеро 19.6.