Македонија

Прекин на сообраќајот на патот Куманово – Пелинце поради велосипедска трка

Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека денеска, 21 јули 2025 година, сообраќајот на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце ќе биде во прекин во периодот од 10:00 до 15:00 часот.

Прекинот на сообраќајот се однесува на делницата од раскрсницата за селото Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, а причината е одржување велосипедска трка која ќе се реализира во тој период.

АМСМ апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и насоките на надлежните служби, како и навреме да ги планираат своите патувања, со цел да се избегнат непотребни доцнења.

Тагови

Поврзани вести