Забава

По 50 години: Повторно видена најретката раса на куче што пее (ВИДЕО)

Кучето што пее, го доби својот посебен прекар поради создавањето на хармонични звуци со неговото лаење и завивање.

Научниците ја споредиле ДНК-та на овие кучиња со диви кучиња во заробеништво и откриле дека оваа раса потекнува од расата на диви кучиња од Хајленд.

Пред ова откритие, кучето што пее се сметаше за најретка и најстара раса на кучиња во светот, но наодите сега потврдуваат дека тие всушност се диви кучиња од Хајленд.

Кучето што пее од Нова Гвинеја (NGSD) за прв пат беше проучено во 1897 година, а од 1970 година не се појави во дивината. Во моментов, нешто помалку од 300 такви единки живеат во азили, но изгубија голем дел од генетскиот состав поради бројните премини.

Научниците веруваат дека дивите кучиња од Хајленд имаат гени кои кучињата од Нова Гвинеја ги изгубиле додека биле во заробеништво. Сепак, тие веруваат дека преку нивно преминување ќе можат да создадат вистинска популација на кучиња што пеат.

Тагови

Поврзани вести