Патувања

Куќите на дрва како џиновски гнезда во Тајланд

Рунг-Нок кланот кој симболизира вили дизајнирани во облик на птичји гнезда од останатите се разликувал со нагласената креативност, а собирал уметници, музичари,астролози, филозофи и поети.

Поради поволните цени на сместување и храна, како и лудите ноќни забави Тајланд е една од дестинациите од која туристите не можат да се заситат. Во зависност од желбите секој може да пронајде сместување по свој џеб, а на Тајланд не недостасува ниту луксузно сместување. Една од омилените романтични дестинации е Кеемала еколошкиот ресорт на Пнукет со разновидни можности на сместување.

Потпирајќо се на историјата и традицијата Кеемала со дизајнот ги инспирирала локалните кланови кои се разликуваат во уверувањата и филозофијата на поимањето на светот.
Така Ве-Ха, или небески клан собирал астролози, исцелувачи лекари и иноватори кои граделе повишени домови за да бидат послободни и покреативни. Седум вили со дизајнот ја одразуваат нивната филозофија.

Пространите вили на два спрата имаат спална соба, голем дневен престој, трепезарија и нестварно убава бања, како и базен со поглед на прашумата. А, со надоврешниот дел секоја вила има по 169 м2.
Рунг-Нок кланот кој ја симболизира вилата дизајнирана во облик на птичјо гнездо од останатите се разликува со нагласена креативност, а собирал уметници, музичари, астролози, филозофи и поети.

Верувале дека иднината може да се предвиди од ноќното небо, а се капеле на месечина за да нивните души живеат вечно. Вилите нудат поглед на море,прашума и одморалиште и вклучуваат пространа бања со монсунски туш и самостоечка када со волшебен поглед. Се простираат на 185. м2, вклучувајчќи базен и надворешна тераса за сончање.

Во зависност од вилата цените на сместување се движат од околу 450. евра, секако на ден.

Тагови

Поврзани вести