Клима

Облачно, студено со локални врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне претежно во јужните делови со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 10 Целзиусови степени, Маврово 3, Охрид 7, Битола 6, Крива Паланка 5, Берово 4, Кавадарци 9, Дојран 7.

Утре ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 0 до 10 степени.

Тагови

Поврзани вести