Македонија
Николоски: Интензивна работа на најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево

Автопатот од Охрид до Кичево се гради со силна динамика, на најтешкиот планински дел на косините, објави на својот Фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски каде сподели и видео.
„Интензивна работа на најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево. Со нови проекти се работи на целосно решение и стабилизација на најпроблематичните косини на трасата. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски.



