Живот

Немилосрден раст на глад во светот

Бројот на луѓето кои се на работ на гладењето во 43 земји во светот достигнал 45 милиони, бидејќи несигурнсота на хранта остро се зголемила во светот, предупреди во понеделникот Светскат програма за храна (WFP).

Скокот со 42 милиони на почетокот од годинава на 45 милиони луѓе на коишто денес им се заканува глад, е последица на состојбата во Авганистан каде дополнителни три мамилиона соочени со гладта, се наведува во извештајот на споменатата агенција на Обединетите нации со седиште во италијанската престолнина Рим.

„Десетици милиони луѓе се на работ на пропаста. Судирите, промените на политиките и Covid-19 го зголемија бројот на гладните. Најновите податоци се покажуваат дека 45 милиони луѓе се на работ на гладта“, изјави извештниот директор на WFP, Дејвид Бизли, по патувањето во Авганистан каде што според објавата на неговата агенција е донесена помош за речиси 23 милиони луѓе.

„Цените на горивата растата, цените на пехренбените производи скокнаа во небото, а гноивата се сѐ поскапи, сите тие фактори ја потхрануваат новаа криза, како што е оваа којашто се случува сега во Авганистан покрај старите кризи, како што се оние во Јемен и во Сирија“, додаде Бизли.

За да се спречи гладот во светот, потребни се седум милијарди доалри, а тоа е раст во однос на 6,6 милијарди долари на почетокот од 2021 година. Меѓутоа, традиционалните механизми за финансирање се преоптоварени, предупредуваат од ОН.

Од WFP, пак, истакнуваат дека семејствата се соочени со „ужасен“ избор: присилени се да го мажат сѐ помладите и помлади девојченца, да ги повлекуваат децата од образованието или да ги хранат со скакулици лисја од кактус. Медиумските извештаи од Авганистан предупредуваат дека семејствата се „принудени да ги продаваат сопствените деца во очајните обиди да преживеат“, додаваат до ОН.

Бројните суши во Авганистан во комбинација со економскикот колапс тешко ги погодиле семејствата. Во Сирија 12,4 милиони луѓе не знаат како ќе го обезбедат следниот оброк и таа несигурност да се обезбеди храната е најголемата од почетокот на војната во 2011 година во земјата. Ташка ситуација со недостиг од храна има и во Етиопија, Сомалија, Ангола, Кенија, Буринди и на Хаити, велат од WFP.

Тагови

Поврзани вести