Клима
Метео: Утрешниот ден ни носи облаци и дожд – Од петок повторно сонце

Под влијание на помал влажен бран во склоп со малку поладен воздух од север и од североисток во текот на утрешниот ден (5-ти март 2026 четврток) во Македонија ќе имаме краткотрајна помала промена на времето. Ќе имаме повеќе облачност и локални врнежи од дожд со слаб до умерен и со умерен интензитет проследени со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието како и во источните предели од Македонија.
На планинските места пак со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе има повремени слаби врнежи од снег.
Во Скопје и околината исто така утре ќе има повремен локален дожд проследен со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.



