Клима
Метео: Топлото време нема да не напушти- барем не оваа недела

Во следниот период не очекува стабилно и претежно сончево време низ цела Македонија. Температурите ќе бидат значително повисоки од вообичаените за овој период од годината, со максимални вредности кои ќе се движат помеѓу 17°C и 19°C.
Утрите ќе бидат постудени со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат околу 0°C, а на некои повисоки и котлински места можен е и слаб утрински мраз.
До почетокот на следната седмица времето ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност и пријатно топло во текот на денот.
Од средината на следната седмица се очекува постепена промена на времето со зголемување на облачноста и појава на повремени врнежи од дожд, како и мало намалување на дневните температури.
Според моменталните прогнози, времето ќе остане релативно стабилно во следните денови, а првите врнежи се очекуваат во вторник и во деновите потоа.



