Македонија
Метео: Температури од -4 до 16 степени: Еве какво време нè очекува денеска

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со повремена мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб ветер со променлив правец.
Најниски утрински температури се измерени во Маврово, каде живата на термометарот се спушти до -4 степени. Најтопло во текот на денот ќе биде во Гевгелија, со очекувани максимални 16 степени.
Во главниот град ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе има слаб ветер од различни насоки, а температурите ќе се движат во интервал од 0 до 15 степени Целзиусови.
Под влијание на висок воздушен притисок, продолжува период на стабилно и суво време, при што дневните температури ќе бележат постепен пораст.
Во наредните денови се очекува слаб до умерен јужен ветер, а во одделни котлини можна е појава на утринска магла.



