Клима
Метео: Сончево и топло време денеска, од утре се очекува промена

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, информира УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Во Скопје се очекува претежно сончево време со умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.
Од среда следува промена – ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а пообилни врнежи се најавуваат за сабота.
Со продор на постуден воздух од север, на планините и на повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег, додека од четврток температурите ќе бидат во опаѓање.



