Клима
Метео: Сончеви периоди преку ден, промена на времето во вечерните часови

Денеска не очекува променливо облачно време со повремени сончеви интервали, а поголема промена на времето се најавува во вечерните и ноќните часови. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека кон крајот на денот ќе има услови за појава на краткотраен, локален дожд.
Утринските часови ќе поминат мирно, додека во текот на попладнето ќе се почувствува слаб до умерен ветер. Во западните краишта ќе дува од запад, а во источните региони и по должината на Повардарието повремено ќе има засилен северозападен ветер.
Температурите ќе бидат во рамки типични за овој период од годината. Утринските минимални вредности ќе се движат од -3 до 3 степени, додека дневните максимални ќе достигнат меѓу 11 и 17 степени.
Во Скопје се прогнозира претежно сончево време со умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до околу -1 степен, а преку ден ќе достигне околу 14 степени.
Според најавите на метеоролозите, во наредните денови под влијание на висок воздушен притисок ќе преовладува стабилно и суво време, освен можните вечерни врнежи денеска.
Сè до петок ќе дува умерен, а на места и засилен северозападен ветер, најизразен во Повардарието. Од петок се очекува промена на правецот на ветерот во југоисточен, а за време на викендот постепено зголемување на облачноста.



