Клима
Метео: Натпросечно топло и врнежливо утро во Македонија, дува и силен ветер

Денешното утро во Македонија и тоа поради силното јужно и југозападно струење на висина беше натпросечно топло и променливо со локални врнежи од дожд кои пообилни беа во западните предели од Македонија. Многу е и ветровито со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец.
На табелата можете да ги видите денешните минимални температури измерени по градови и места во Македонија до 8 часот утрово како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа исто така до 8 часот утрово и тоа на мерните станици на УХМР.



