Клима
Метео: Македонија под влијание на екстремен студ, можно и до -20°C

Поради продор на екстремно ладен бран кој полека ќе се спушта од север кон територијата на Македонија ќе дојде до формнирање секундарен циклонски систем над Југоисточна Европа и на големи влажни воздушни бранови кои во Македонија ќе условат да имаме врнежи од дожд и од снег на пониските места и само снег на повисоките населени места и на планините. Во почетокот поради присуство на потопол воздух во горниот слој од атмосферата и поладен воздух во долниот слој од атмосферата во Македонија и тоа особено во западните предели ќе има услови и за појава на ледени врнежи па токму поради ова апелирам возачите да бидат крајно внимателни поради можноста за појава на голомразица на патиштата.



