Клима
Метео: Локални врнежи од дожд, на повисоките места снег

Зголемена облачност и локални врнежи од дожд ни носи денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. На планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе има врнежи од снег. Повремен локален слаб дожд ќе има и во Скопје и околината а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.
Утре ветерот од северен правец повремено ќе биде засилен на интензитет а ќе продолжи променливото време со услови за слаб локален дожд.
Ова утро температурите во Македонија се од -2 до 6 степени а максималната температура ќе се искачува во интервалот од 9 до 16 степени. Во Скопје и околината утрово температурата е околу 5 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 15 степени.



