Клима

Метео: Локален дожд денеска, од вторник пообилни врнежи

Денеска времето е променливо облачно, со услови за краткотраен локален дожд, особено во источните делови од земјата.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Најниски утрински температури се очекуваат во Берово и Маврово, до минус 2 степени, додека највисоката дневна температура ќе достигне до 18 степени во Гевгелија.

Под влијание на циклонска активност, од вторник до крајот на работната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Во вторник врнежите ќе бидат пообилни во западните делови.

Во среда на повеќе места се очекуваат поинтензивни врнежи, со количини над 20 литри на метар квадратен, проследени со умерен до засилен ветер кој ќе го менува правецот.

Во четврток врнежите ќе бидат поизразени во југоисточните делови, додека во петок ќе има послаб интензитет на врнежи.

Тагови

Поврзани вести