Клима
Метео: Од 26 март следува голема временска промена во регионот

Од 26 март па до крајот на месецот, Балканот ќе биде зафатен од силна временска промена. Од север ќе се спушти значително постуден воздух кој, во комбинација со циклон што ќе се формира над Џеновскиот Залив, ќе донесе нестабилно и бурно време во поголем дел од регионот.
Се очекуваат обилни врнежи од дожд и снег, засилен ветер и нагло опаѓање на температурите. На планините, особено во Босна и во регионот Горски Котар во Хрватска, се прогнозираат големи количества снег – од 50 до 80 сантиметри, а локално и до 100 сантиметри.
Поради силното заладување, снежната граница ќе се спушти на пониски надморски височини, што значи дека снег може да има и во одредени градски подрачја, особено во Хрватска и Босна.
Најпогодена може да биде земјоделската култура, бидејќи овошките веќе се во фаза на цветање. Очекуваните утрински мразеви дополнително го зголемуваат ризикот од штети.
Во текот на денешниот ден се најавува подетална анализа за временската состојба во Македонија, со прецизни прогнози за влијанието на овој циклон врз нашето подрачје.



