Македонија

Метео: Значително заладување со снег и силен ветер на територијата на Македонија

Поради продор на многу ладен воздух од север, врнежите кои ги имаме во следните часови ќе се интензивираат а снежната граница полека ќе се спушта па така врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег  и на пониските места (градовите) а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од јужен а потоа  и од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Температурите во следните часови значително ќе опаѓаат и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Во западна Македонија во градовите ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри а локално може и повеќе додека на повисоките  и на планинските места таа ќе се зголеми за над 30/40 сантиметри. На другите места снежната покривка ќе биде помала.

Поради заладувањето и ниските температури очекувам појава  и на голомразица па токму поради ова апелирам доколку патувате да бидете крајно внимателни, особено доколку патувате кон планинските превои. Веќе во поголем дел од Македонија очекуваме ледени денови одоносно температурите и преку ден ќе бидат под нулата. Екстремно ладно утрово кога температурите на повеќе места во Македонија ќе се спуштаат до околу па  и под -10 степени а локално тие ќе се спуштат  и до околу -15 степени. На повисоките  и планинските места температурите ќе се спуштат до околу -20 степени.

 

Тагови

Поврзани вести