Македонија
Метео: Дожд, грмежи и ветер, па температури до 32 степени

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на повеќе места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можно и краткотрајно невреме.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи, а во делови од котлината ќе има услови за грмежи и засилен ветер.
Во наредните денови следува променливо и нестабилно време со сончеви периоди, но и чести попладневни врнежи и грмежи. На одредени места процесите може да бидат поинтензивни, со пороен дожд и силен ветер.
За време на викендот се очекува нестабилно време со електрични празнења. Дневните температури во сабота ќе достигнат до 25 степени, а во недела и до 29 степени, додека утринските ќе се движат меѓу 6 и 12 степени.
Од почетокот на новата работна недела температурите повторно ќе бидат во пораст. Во понеделник се очекуваат до 30 степени, а во вторник и до 32 степени, што ќе донесе вистинско летно време.
Во среда се најавува благо освежување со локални врнежи од дожд и температури до 27 степени. Ветерот ќе биде променлив, при што за време на викендот ќе дува од северозападен, а на почетокот на неделата од југоисточен правец.



