Клима
Метео: Денеска умерено и потопло време, од среда дожд , повеќе снег на планините


Македонија денеска ќе ужива во променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Според УХМР, ќе дува слаб југоисточен ветер, кој долж Повардарието ќе биде со умерен интензитет. Температурите се во пораст, па максималните денес ќе се движат од 6 до 11 степени.
Сепак, метеоролозите најавуваат дека ова е само „затишје пред бура“. Веќе од утре (среда) не очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините снежната покривка ќе се зголеми.