Клима
Метео: Денеска сончево, за утре и задутре се очекуваат пониски темпратури

Денееска сончево време со мала до умерена облачност. Според метеоролозите, во утринските часови по одделни котлини е можна појава на магла, а во текот на денот ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални -6 до максимални 13 степени.
Во Скопје се очекува слично време, тивко и сончево, со температура до 9 степени. Од УХМР најавуваат промена веќе од утре: „Викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.“
Дневните температури ќе бидат во опаѓање, додека стабилизација и суво време се очекува од почетокот на следната седмица.



