Клима

Метео: Денеска нестабилно со врнежи и пад на температурите

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално се очекува и нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а повремено засилен ветер од северозападен правец.

Најниска утринска температура се очекува во Берово, околу 3 степени, додека најтопло преку ден ќе биде во Гевгелија со температура до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен дожд во попладневните часови во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а температурата ќе се движи од 8 до 15 степени.

За наредните денови, од УХМР предупредуваат на посвежо и нестабилно време со повремени врнежи, грмежи и засилен ветер. Наместа се можни поинтензивни процеси во форма на невреме, особено во западните и јужните делови, каде се очекуваат и поголеми количини дожд.

Во Скопје до среда ќе преовладува променливо и нестабилно време со повремени врнежи и услови за грмежи, а во одделни делови можно е и невреме.

Тагови

Поврзани вести