Природа

Мартовска еко акција за чистење на езерото

Никола Паскали од нуркачкиот центар „Акватек“ го чистеше дното на езерото овојпат кај плажа Сараиште во Стар Град на температура на водата од 7°- 8°С.

Природата почнува да се буди… Повторно ќе се разбуди во отпад…Ја загадивме водата што ја пиеме, храната станува отровна, воздухот загаден…, напиша Паскали на својот фејбук профил.

Изминатата година нуркачкиот клуб „Акватек“, реализира повеќе акции за чистење на езерото во кои беше извлечен габаритен шут и отпад кој не само што го загадува езерото, туку му штети и на подводниот свет. Еко акциите продолжуваат и оваа година.

Тагови

Поврзани вести