Македонија

Лизгалиштето во „Борис Трајковски“ денеска ја отвори сезоната со подобрено осветлување и идеални услови за лизгање

Лизгалиштето при Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од денеска ја стартува новата зимска сезона, со ново осветлување, перфектен мраз и освежен визуелен изглед. Директорот на центарот во својата објава го најави официјалното отворање и упати покана до сите љубители на лизгање.

„Оваа година љубителите на лизгањето ќе уживаат во одличните услови на лизгалиштето во СЦ ‘Борис Трајковски’“, напиша тој.

Сите заинтересирани се поканети на официјалното отворање денеска во 11:00 часот — идеална можност да ја започнат зимската сезона активно и со пријатна атмосфера на мразот.
Тагови

Поврзани вести