Економија
Криптопазарот во пад: Биткоинот под 70.000 долари

Криптопазарот денеска бележи негативен тренд, при што водечките дигитални валути се во пад. Биткоин се спушти под 70.000 долари и моментално се движи околу 69.790 долари, што претставува намалување од над 2 проценти.
Падот го следи и Ethereum, кој се тргува близу 2.100 долари, исто така со намалување од над 2%. Слична насока има и кај останатите големи криптовалути, што укажува на поширока корекција на пазарот.
Кај алткоините, BNB бележи пад од околу 2,5%, додека XRP е меѓу најпогодените со загуба од речиси 4%. Solana исто така е во минус, со намалување од околу 2,5%.
За разлика од нив, стабилните криптовалути остануваат релативно стабилни. Tether се движи околу вредноста од 1 долар, додека USD Coin бележи минимални промени.
Според аналитичарите, ваквите движења се дел од вообичаени краткорочни корекции, но и одраз на глобалната економска неизвесност и внимателноста на инвеститорите.



