Култура
Крешимир Мишак со предавање и концерт во Свети Николе – музички настап и на Игор Станоески – Иги Ман Квартет
Познатиот хрватски новинар, писател и музичар Крешимир Мишак, автор и водител на култната емисија „На рубу знаности“ што повеќе од две децении се емитува на Хрватската радио телевизија, на 19 и 20 септември за првпат ќе гостува во Македонија. Настаните ќе се одржат во Свети Николе, Овче Поле, и ќе бидат бесплатни за посетителите.

Програмата започнува на 19 септември во 20 часот во големиот амфитеатар на Меѓународниот Славјански Универзитет „Свети Никола“ во Свети Николе, каде што Мишак ќе одржи предавање на тема „Светот во пресрет на трансхуманизмот“. По завршувањето, присутните ќе можат да поставуваат прашања и да набават некои од неговите над 10 издадени книги.
Следниот ден, на 20 септември во 19:30 часот во Mayberry Highway Hotel во Свети Николе ќе се одржи концерт. Вечерта ќе ја отвори групата Street Tale, по што ќе настапи Крешимир Мишак со репертоарот од својот последен албум „Доџите у мој клауд“. Концертот ќе заврши со настап на Игор Станоески – Иги Ман и неговиот електричен квартет.
Организаторите истакнуваат дека влезот е бесплатен, но поради ограничениот број места се препорачува навремена резервација.



