Економија

Италија подготвена да ги активира јагленските електрани ако се продлабочи енергетската криза

Италија би можела повторно да стави во функција дел од електраните на јаглен доколку дојде до сериозна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и тоа предизвика нарушувања на енергетските пазари. Ова го изјави италијанскиот министер за енергетика, Гилберто Пикето Фратин, нагласувајќи дека станува збор за мерка што би се користела само во краен случај.

Тој посочи дека иако не е наклонет кон враќање на јагленот како извор на енергија, овие капацитети остануваат достапни како безбедносна резерва за заштита на националниот енергетски систем.

Министерот уверува дека во моментов Италија нема проблем со снабдувањето. Според него, земјата располага со високо ниво на резерви на природен гас, како и со повеќе извори на увоз, меѓу кои се Норвешка, Алжир и Азербејџан.

„Во однос на количините, особено на гасот, ситуацијата е стабилна. Имаме меѓу највисоките нивоа на складирање во Европа и добро диверзифицирана мрежа на снабдување“, изјави Фратин, додавајќи дека засега нема причина за загриженост.

Тагови

Поврзани вести