Свет

Историскиот театар „Сан Карло“ во Неапол уништен во пожар

Пожар што избувна и се прошири утрово околу 6 часот по локално време го уништи историскиот театар Санацаро во Неапол, во централниот округ Кјаја, пренесува АНСА.

Покривот на театарот се урна. Сите блиски станбени згради се евакуирани, а четири лица се однесени во болница со респираторни проблеми. Шест противпожарни возила се уште се на местото на настанот.

Пожарот е можно да е предизвикан од краток спој, но причините за него сè уште не се утврдени.

Театарот бил отворен во 1874 година и од првите години од неговото работење бил поврзан со традицијата на неаполската комедија и популарниот театар.

Во текот на 20 век доживеал периоди на просперитет и опаѓање, а претрпел и оштетувања за време на Втората светска војна. Постепено бил реновиран и вратен во целосна функција.

Тагови

Поврзани вести