Амурскиот, или сибирски тигар сѐ уште е загрозен во многу земји, но неговата популација последниве години се зголемила за 40 отсто. Ловокрадството сѐ уште е најголема закана за тигрите, изјавија познавачите на Форумот. Сепак, бројот на големи мачки убиени од ловокрадците во Русија нагло се намалил последните 10 години – од околу 50 – 70 годишно пред 10 години, на 15 – 20 денес. Покрај тоа, живеалиштата на тигрите се проширени, соопшти Центарот за амурски тигри. И Казахстан има системски план за враќање на тигрите во дивината од 2025 година.