Свет

Еруптира вулканот Дуконо во Индонезија, издадено предупредување

Вулканот Дуконо во индонезиската покраина Северен Малуку повторно еруптира, соопшти Индонезискиот геолошки завод.

При ерупцијата, столб од вулканска пепел се издигнал до околу 900 метри над кратерот, достигнувајќи висина од речиси 2.000 метри надморска височина. Пепелта се ширела во источен правец, а ерупцијата била проследена со густо исфрлање на бело-сива пепел.

Надлежните им препорачаа на жителите и туристите да избегнуваат движење во радиус од четири километри од вулканот, поради зголемен ризик.

Тагови

Поврзани вести