Македонија
Денеска почнува пролетта: Mаксималната температура ќе достигне до 16 степени

Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува денеска во 15:46 часот. Во исто време на јужната полутопка ќе настапи есента.
Сонцето денеска изгреа во 5:37 часот, а ќе зајде во 17:46 часот. Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 08 минути.
Пролетта ќе трае 92 дена, односно до 21 јуни во 10:24 часот, кога календарски почнува летото.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. „Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3 степени, а максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени“, се вели во прогнозата на синоптичарите. Во Скопје, пак, минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени. Следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремен засилен ветер. Во понеделник ќе има услови за слаби врнежи од дожд.



