Клима

Денеска до 39 степени, за викендот пороен дожд, грмежи и можност за град

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 20 степени, додека максималните ќе достигнат од 31 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 20 степени, а дневната ќе достигне до 39 степени.

За викендот нестабилно со можност за невреме

За време на викендот претпладне се очекува сончево и топло време, но во попладневните часови атмосферата ќе стане понестабилна.

Наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме.

При појавата на невреме се можни обилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Тагови

Поврзани вести