Свет
Два авиона со патници од бродот на кој се прошири хантавирус слетаа во Холандија
Од почетокот на ширење на вирусот на бродот починаа три лица, една двојка од Холандија и еден германски државјанин.

Два авиона со 28 патници од крузерот „МВ Хондиус“, на кој се прошири хантавирус, денеска слетаа во Холандија.
Во авионот имаше осум холандски државјани, а другите патници со различни националности од Холандија ќе се вратат во својата татковина.
Како мерка на претпазливост 12 вработени во болницата, каде се лекува едно лице заразено со хантавирусот, се ставени во карантин шест недели бидејќи не примениле строги протоколи на пациентот.
Од почетокот на ширење на вирусот на бродот починаа три лица, една двојка од Холандија и еден германски државјанин.
Вирусот обично се шири преку глодарите, но во ретки случаи можен е пренос од човек на човек. Хантавирусот е ендемски во одредени региони на Аргентина, особено во регионот на Андите. Бродот „МВ Хондиус“ на почетокот од април исплови од Аргентина.



