Македонија

Граѓаните сè повеќе плаќаат електронски, а со тоа плаќаат се повеќе провизии

Граѓаните во Македонија сè почесто ги заменуваат готовинските плаќања со картички, мобилни апликации и онлајн трансакции, а овој наметнат тренд носи значителен раст на приходите за банките.

Провизиите од ваквите трансакции ги плаќаат трговците, а трговците ги наплаќаат од граѓаните со што кај луѓето се создава илузија дека оваа услуга е бесплатна.

Според најновите податоци за првиот квартал од годинава, приходите на банките од провизии и надоместоци поврзани со електронските плаќања бележат раст од речиси 22 проценти во однос на истиот период лани. Главен двигател на ова зголемување е континуираниот пораст на безготовинските трансакции, кои стануваат доминантен начин на плаќање кај граѓаните и компаниите.

Секоја електронска трансакција – било да станува збор за плаќање со картичка, трансфер преку мобилно банкарство или онлајн купување – носи одреден приход за банките преку провизии што најчесто се движат од 1 до 3 проценти, зависно од видот и каналот на трансакцијата.

Ова е спектакуларно со оглед на фактот дека по неколку трансакции целата сума на пари завршува како прифит на банката! 

По овој факт за очекување е и присила со оглед на влијанието на банките кои го имаат врз властите во светот, тотално да ја го укинат готовинското плаќање со цел енормно зголемување на нивните профити.

Експертите оценуваат дека дигитализацијата на банкарските услуги дополнително ќе го засили овој тренд. Сè поголем број корисници ги користат мобилните апликации за плаќања, префрлање средства и управување со личните финансии, што директно влијае врз растот на банкарските приходи.

Од друга страна, дел од граѓаните укажуваат дека зголемената зависност од електронските плаќања значи и поголема изложеност на банкарски трошоци, особено кај честите мали трансакции.

Аналитичарите сметаат дека во наредниот период ќе продолжи растот на дигиталните плаќања, а со тоа и профитабилноста на банкарскиот сектор, кој сè повеќе ја гради својата заработка врз дигиталните услуги наместо само врз традиционалното кредитирање.

На крај оние кои плаќаат за ова се граѓаните, и да потсетиме, користењето на услугите во банка е задолжително!

Тагови

Поврзани вести