Македонија

Во Пустец ќе се одржи македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“

Фестивалот почнува во 18 часот, а покрај КУД и фолклорни групи ќе настапат и Блага Петревска и Круме Спасовски.

Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, денеска, ќе се одржи македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, кој е во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец.

– На 20 август, во Пустец, заедно ќе ја прославиме македонската традиција, култура и фолклор. Ве покануваме на Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа 2026“ — вечер исполнета со македонски ора, песни, носии и традиција. Ве очекуваме да бидеме заедно и да покажеме дека македонскиот дух живее и се слави, објави Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“.

Додава дека оваа значајна манифестација се одржува под мотото „Македонија обединува“, од каде ќе се испрати пораката дека „фолклорот ги чува корените, традицијата ја гради иднината”.

-Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ повторно ги обединува Македонците преку песната, орото и вековната традиција. Ќе настапат фолклористи од Република Македонија или Вардарска Македонија, Егејска и Пиринска Македонија и Мала Преспа. Македонската песна ќе одекне, ќе се вие македонско оро а нашата традиција ќе нè обедини како едно, изјави за МИА, Темелко.

Фестивалот почнува во 18 часот, а покрај КУД и фолклорни групи ќе настапат и Блага Петревска и Круме Спасовски. (МИА)

Тагови

Поврзани вести