Македонија

Во ЗОО очекуваат да пристигнат и двогрби камили

Откако ги вдомија фламингата, а најaвија пристигнување и на бели волци, од скопската Зоолошка градина за љубителите на животните во јули подготвуваат изненадување со две двогрби камили.

Камилите кои по подолг период ќе бидат станари во скопската ЗОО се донација од Чешка и Словенија и се од видот бактријан. Екипите на ЗОО веќе го подготвуваат нивното живеалиште.

Следниот месец се очекува и пристигнувањето на арктички бели волци, кои доаѓаат од Литванија и Германија и се редок и загрозен вид на животни. Волците се на возраст се од околу една година.

Тагови

Поврзани вести