Клима
Велигден носи сончеви периоди, но и дожд во вечерните часови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, информира УХМР.
Во вечерните часови и во текот на ноќта се очекуваат услови за слаб локален дожд, претежно во источните и северните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од -2 степени во Берово до повисоки вредности во јужните делови, додека максималната дневна температура ќе достигне до 17 степени во Гевгелија.
Во Скопје, ќе преовладува променливо облачно време, со можност за слаб дожд во вечерните часови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, а температурата ќе се движи од околу 6 степени наутро до 16 степени во текот на денот.
Во недела и понеделник се очекува краткотрајна стабилизација – со повеќе сончеви периоди во недела, додека во понеделник ќе има променлива облачност.
Од вторник следува нов период на нестабилно време со врнежи од дожд, кои прво ќе бидат поизразени во западните и северните делови, а во среда и четврток ќе се прошират низ целата земја, со пообилни врнежи во четврток.
Во овој период ќе дува и засилен југоисточен ветер, кој повремено може да достигне и до 50 километри на час.



